Muhammed Boztepe
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција депортираше пет странски тероритички борци кои се државјани на Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во соопштението се нагласува дека продолжува депортацијата на странските терористички борци во нивните земји.
„Во овие рамки, денес се депортирани пет германски државјани во нивните земји“, се додава во соопштението.