Burak Bir
03 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
АНКАРА
Турската полиција денеска приведе 55 лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата приведе 11 осомничени во Анкара откако обвинителите издадоа налози за апсење на 20 осомничени лица, како дел од истрагата за користење на апликацијата за кодирани пораки „БајЛок“.
Од осомничените, 18 други беа приведени откако обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 36 војници, вклучувајќи 25 војници на должност, како дел од истрагата за тајната структура на терористичката организација во Турските вооружени сили (ТВС).
Обвинителите во централната област Кајсери исто така издадоа налози за приведување на 24 осомничени припадници, вклучувајќи 6 војници на должност. Од нив, 12 се приведени во истовремени рации спроведени во шест области од страна на турската полиција.
Во турската источна област Малатја, турските безбедносни сили приведоа 12 осомничени поради наводи за нивна поврзаност со ФЕТО.
Двајца осомничени, кои беа обвинети дека се членови на ФЕТО, беа приведени од безбедносните сили за време на контрола на патот во црноморската област Болу.