Jeyhun Aliyev
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турската полиција денеска приведе 34 лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лицата се приведени под обвиненија за користење на апликацијата за кодирани пораки „БајЛок“ (ByLock), систем за шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО. Приведувањата се извршени откако обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 46 осомничени лица.
Полицијата трага по останатите осомничени.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.