İsa Toprak
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Во рамките на договорот од Сочи, заврши единаесеттата заедничка копнена патрола која турските и руските војници ја реализираа во источниот дел на Еуфрат, во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, турските и руските војници во подрачјето Камишли-Дерик ја реализираа копнената патрола според беше планираното.
Во копнената патрола учествуваа по 4 возила и беспилотни летала од двете страни.
Заедничкото патролирање се одвивало во подрачје со широчина од 10 километри и должина од 58 километри.