Ayşe Dogru
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Водечко име на терористичката организација ПЈД/ПКК, која на подрачјето на Сирија дејствува под назив Сириски демократски сили (СДС), откри дека во оваа земја сакаат да формираат сопствена војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сакаме да формираме сопствена војска за да одговориме на заканите“, порача Абдулкадир Ефедили, едно од водечките имиња на организацијата, објави британскиот „The Times.
Ефедили исто така истакна дека Турција, Иран и силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, сакаат да ја преземат целата територија која моментално се наоѓа под контрола на организацијата. А за поддршката на САД истакна: „Сѐ додека САД се тука, сигурни сме дека Иранците и режимот на Асад нема да се обидат да ја преземат контролата над комплетната територија“.
Генералот на Централната американска команда (CENTCOM), Џозеф Вотел, на 22 декември најави воспоставување на погранични единици во Сирија, со цел спречување на повторното „заживување“ на ДЕАШ на тоа подрачје.
Според податоците на локалните безбедносни извори, завршена е обуката на 400 припадници на терористичката организација во кампот „Сабаху хајр“ на јужниот дел на Хасека и источниот дел на Алепо.
Филип Коснет, вршителот на работите на американската амбасада во Анкара, беше повикан вчера во Министерството за надворешни работи на Турција во врска со случувањата во Сирија.