Ruslan Rehimov
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
БАКУ (AA) - Азербејџанскиот колекционер Рамиз Алијев ги восхитува сите со колекцијата од над илјадa различни видови часовници, јавува Anadolu Agency.
Домот каде што живее 64-годишниот Алијев, во селото Маштага, во Баку, потсетува на музеј, поради колекцијата на часовници. Љубовта на Алијев кон чaсовниците му ја всадил неговиот татко кој бил часовничар, и таа љубов ја претворил во колоритна колекција со повеќе од илјада часовници.
Во колекцијата на Алијев, исто така, има и часовници со историски карактеристики што датираат од 1800-тите години.

Часовник за на маса, ѕиден часовник и џебен часовник се само неколку часовници од колекцијата кои најмногу го привлекуваат вниманието.
Собата секој час одекнува од звуците на часовниците. Таа е преполна со часовници во различни големини, од еден сантиметар до два метри. Алијев, кој поголемиот дел од своето време го поминува во собата, сам ги поправа и реставрира часовниците. Поради тоа што колекцијата се наоѓа во куќата кај што живее, колекцијата на Алијев може да ја видат само роднините и гостите.
Алијев, кој ги отвори вратите на својата соба за дописниците на АА, истакна дека има различни типови часовници од Германија, Франција, Швајцарија, Русија, Јапонија, САД и други земји.
Алијев укажа дека постојат два века стари часовници, како и нови додавајќи: „Секој час има свој препознатлив глас. Кога го слушам гласот на историскиот часовник, се враќам кон минатото. Кога го слушам гласот на современиот часовник, мислам на денешницата. Гласот на секој час ме потсетува на своето време. Ја познавам механиката на сите часовници, еден по еден. Мојата колекција ќе остане спомен за идните генерации“.
Алијев има за цел уште повеќе да ја зголеми својата колекција и да ја претвори во вистински музеј.