Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Levent Tok
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, со поддршка на странските терористички групи, продолжуваат со нападите во зоната без судири во сирискиот град Идлиб. Режимските сили моментално се наоѓаат на четири километри од воениот аеродром Абу Зухур, пишува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, по нападот кои го покрена опозициската вооружена група Тахрир ал-Шам, силите на Асад се принудени да се повлечат три километри.

Режимските сили моментално се наоѓаат околу четири километри од воениот аеродром Абу Зухур, а се работи за точка од стратешка важност.
- Важноста на аеродромот Абу Зухур -
Воениот аеродром Абу Зухур се наоѓа околу 40 километри од центарот на Идлиб, а опозициските и антирежимските сили презедоа контрола врз него во септември 2015 година.
Аеродромот се наоѓа на источниот дел од Идлиб, и на тој начин претставува точка на поврзување меѓу јужниот дел на Алепо и источниот дел на Хама и Идлиб, кој е под контрола на опозицијата.
Во случај силите на Асад да ја преземат контролата над аеродромот, опозициската војска ќе биде соочена со опасноста да ја изгуби целовитоста над овој регион.
Во околината на Абу Зухур, каде се наоѓаат околу 300 населени подрачја, живеат околу 100 000 цивили. Поради интензивирањето на судирите, локалното население сѐ поголем број го напушта регионот и трага по безбедни територии.
- Координација на Русија, режимот на Асад, Иран и ДЕАШ -
Покрај нападите на режимот на Асад и заедничките напади на Иран и Русија, на подрчајето на Идлиб се обидува да се пробие и терористичката организација ДЕАШ.
Руските воени авиони жестоко ги бомбардираа позициите на кои опозициските и антирежимските сили се борат против ДЕАШ, со што на оваа терористичка организација ѝ е овозможено да напредува во голема мера. По тоа е забележан и значаен пад кај опозициските сили.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, вчера за АА изјави дека Русија и Иран треба да ги исполнат обврските во врска со гаранциите дадени во рамките на договорот за Сирија.
Чавушоглу изјави дека сирискиот режим го прекршил примирјето во зоната без судири во Идлиб, и дека земјите-гаранти, Русија и Иран, треба да ја запрат оваа ситуација.
„Ако вие сте гаранти, би требало да го спречите режимот. Ова не е обичен воздушен напад. Режимот напредува во Идлиб. Намерата тука е различна“, рече Чавушоглу.
Амбасадорите на Иран и Русија во Анкара, по нападот на припадниците на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, беа повикани на разговор во турското Министерство за надворешни работи.