Aşkın Kıyağan
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
ВИЕНА (AA) - Министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнајсел, истакна дека верува оти може да има нов почеток во односите меѓу Турција и Австрија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кнајсел, во изјава за весникот „Куриер“ („Kurier“) се осврна на затегнатите односи меѓу Турција и Австрија, и додаде дека иако тие се затегнати според неа, можат повторно да се поправат .
Кнајсел укажа на важноста од посетата на Турција, што ќе се случи кон крајот на јануари. „Верувам дека може да има еден нов почеток. Треба да се поттикнува дијалогот, ништо не може да се унапреди без дијалог“, рече таа.
Истакнувајќи дека телефонскиот разговор со нејзиниот турски колега, Мевлут Чавушоглу, се одвивал во една мошне позитивна атмосфера, Кнајсел изрази задоволство поради посетата на Турција.
Од друга страна, австриската министерка вели дека стои зад изјавите на новата екстремно десничарска влада, во чија програма, околу преговорите меѓу Турција и ЕУ, се наведува дека нема да се одобри членството на Турција во ЕУ, и дека треба да се стави крај на преговорите.