Aşkın Kıyağan
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ВИЕНА (АА) - Претседателот на Високиот комитет за преговори што го формираше сириската опозиција, Насир Харири соопшти дека нема да учествуваат на Конгресот за национале дијалог кој ќе се одржи во Сочи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во австрискиот главен град Виена, два дена траеше состанокот на тема Сирија, по која Насир Харири, претседателот на Високиот комитет за преговори, формиран од страна на сириската опозиција, на одржаната прес-конференција на која ги соопшти одлуките донесени на средбата.
Харири истакна дека заклучно со вчерашниот ден, завршил периодот во кој меѓународната заедница ја тестирала одлучноста на режимот на Асад за премин кон политичко решени, истакнувајќи дека во име на делегација на опозицијата, во Виена имале позитивни средби со претставници на ОН, Русија, Турција и други земји.
Харири наведе дека на дводневните состаноците во Виена ги рагледале деталите од најверојатните резултати кои би произлегле на Конгресот на националниот дијалог во Сочи и рече: „Решивме, како Висок комитет за преговори да не учествуваме во Сочи”.
„Од својот народ добивме голем број коментари да не учествуваме на состанокот”, изјави Харири, истакнувајќи дека преговорите за политичка транзиција ќе продолжат во Женева”.
- „ПЈД, освен за Турција, претставува проблем и за Сиријците“
На новинарско прашање во врска со операцијата ‘Маслинова гранка’, Харири одговори: „ПЈД, пред Турција, првенствено претставува проблем за Сиријците. Имаат милиции. Ги нарушуваат правата на цивилите”.
Претседателот на Високиот комитет за преговори на Сирија истакна дека е против целта на сите организации кои сакаат поделба на Сирија.
Во Виена на двовневниот специјален состанок од 25 до 26 јануари на тема Сирија, во рамките на 9-тите женевски средби, на дневен ред беа подготовките за Конгресот на Национален дијалот кој е закажан за 29 и 30 јануари во Сочи и очекуваното формирање на уставната комисија на Конгресот.