Sayed Khodaberdi Sadat
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
КАБУЛ (AA) – Според најновите информации на Министерството за здравство на Авганистан, најмалку 40 лица загинаа, а 140 се повредени во саботниот бомбашки напад во главниот град Кабул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Насрат Рахими, портпаролот на Министерството за внатрешни работи, претходно рече дека напаѓачот користел возило на брза помош за да помине низ еден безбедносен пункт, говорејќи и на полицијата дека превезува пациент во блиска болница. Рахими додаде дека експлозивот е детониран на другата контролна точка.
Министерството за здравство потврди дека бројот на загинати во нападот е зголемен на 40, додека бројот на ранети изнесува 140 лица.
Забихулах Муџахид, портпаролот на талибансците истакна дека тие ја преземаат одговорноста за нападо.
Експлозијата се случи во близина на поранешната зграда на Министерството за внатрешни работи на Авганистан.