Ali Kemal Akan
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
АНКАРА (АА) – Руската новинска агенција РИА, ја демантираше објавената вест, базирана врз информации добиени од наводни претставници на терористичката организација ПЈД/ЈПГ дека „во Африн е соборен турски хеликоптер“, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската новинска агенција повикувајќи се на наводни претставници на ПЈД/ЈПГ, објави дека „во Африн е соборен хеликоптер на турските сили”.
РИА наведе дека информацијата ја добила во телефонски разговор со еден од претставниците на ПЈД/ЈПГ.
Но, АА од доверливи извори дознава дека, во рамките на операцијата ‘Маслинова гранка’, не е соборен хеликоптер на вооружените сили на Република Турција.