Bayram Altuğ
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот пратеник на Обеднинетите нации (ОН) Стефан де Мистура ќе присуствува на Конгресот на националниот дијалог во рускиот град Сочи закажан за 29 и 30 јануари, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Генералниот секретар на ОН, Стефан Дујариќ објави писмено соопштение во кое порачува дека специјалниот претеник на ОН Мистура, го информирал Генералниот секретар на ОН Гутереш за специјалниот состанок за Сирија кој се одржа во Виена на 25 и 26 јануари.
Дујариќ додаде дека по ветувањето на Русија дека резултатот од Сочи ќе биде пренесен во Женева, и дека процесот ќе биде продолжен во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, Гутереш прифатил да прати претставник на ОН на Конгресот на националниот дијалот на Сирија.
Порачувајќи дека Гутереш за учество на конгресот го избрал Мистура, Дујариќ подвлече дека во потполност веруваат дека конгресот во Сочи ќе помогне за преговорите во Женева.
Насир Харири, претседател на делегацијата на најголемата сириска опозициска група, Висок комитет за преговори, најави дека нема да учествуваат на Конгресот на националниот дијалот во Сочи.
Се планира Комисијата за изработка на уставот да се состане во рамките на преговорите во Женева, под покровителство на ОН, и го потготви Уставот на Сирија. На тој начин би се воспоставила врската Сочи-Женева и би бил зацврстен севкупниот мировен процес кој се води во Женева.
Една од точките на дневниот ред на Конгресот на националниот дијалог за Сирија во Сочи ќе биде и одржување на праведни, демократски и транспарентни избори во Сирија.
Конгресот на сирискиот национален дијалог ќе се одржи од 29 до 30 јануари, а покани се упатени до 1.600 адреси.