Bayram Altuğ
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура, рече дека имаат голема соработка со Турција околу конвојот со хуманитарна помош што треба да се достави во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сѐ уште ја немаме добиено конечната дозвола што ја очекуваме од сириската Влада. Тоа е реалноста. Навистина, ова е ситуација за жалење“.
Де Мистура, во канцеларијата на ОН во Женева одржа прес-конференција на која рече дека по договорот меѓу САД и Русија и воспоставениот прекин на огнот, во состојба на готовност се камионите со хуманитарна помош на ОН, за да тргнат во загрозените подрачја и да ја достават помошта што итно им е потребна на Сиријците, особено на истокот од земјатра, во подрачјето на Алепо.
Стефан де Мистура истакна дека „ОН е подготвен да тргне. За да пристигнеме до таа област, потребна ни е дозвола од сириската Влада, но писмото сѐ уште не пристигна до нас. Тоа е реалноста. Навистина, ова е ситуација за жалење, бидејќи губиме време. Бидејќи деновиве не се војува, беше нормално да добиеме дозвола, и хуманитарниот конвој да тргне за да ја достави потребната помош“.
Де Мистура рече дека покрај ОН, и Русија е разочарана поради фактот што сириската Влада сѐ уште не ја издала потребната дозвола за конвојот на ОН, додека пак турските власти покажале голема соработка околу конвојот со хуманитарна помош што треба да се достави во Сирија.
Хуманитарниот конвој со помош за Сирија од ОН продолжува да чека за дозвола во тампон-зоната на турско-сириската граница, изјави специјалниот преставник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.