Fatih Erel
03 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
ЖЕНЕВА (AA) - Лидерот на сириската опозициска група "Исламска војска" и учесникот во актуелните мировни преговори во Женева, Мухамед Алуш тврди дека опозицијата не сака да гормира заедничка преодна влада со режимот на претседателот Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Шестиот ден од третата рунда на преговори во Женева нема најавени средби на специјалниот пратеник на ОН со делегациите на сириската опозиција, ниту со сириската влада, а лидерот на една од опозициските групи и членот на опозицискиот Врховен преговарачки комитет Алуш им се обрати на новинарите.
"Ние не сакаме да формираме заедничка влада со режимот. Немаме никакви проблеми во односот со пратеникот на ОН, Мистура, нашиот проблем е режимот на Асад. Војската на тој режим ги убива цивилите додека ние овде преговараме. Во наредните два дена ќе дадеме одговори на тие напади",рече лидерот на опозиционата група Исламска војска Алуш.
Процесот на преговорите кои од петок се водат во Женева во формат на одвоени состаноци на сириските делегации со посредство на ОН, на чие чело е Стефан де Мистура веќе влегоа во своевиден застој, а сириските опозиционери тврдат дека причината за застојот во преговорите е тоа што сеуште не добиле одговор на поставените барања да се деблокираат сите градови под окупација на сириската војска, допремување на хуманитарната помош на цивилите и ослободување на затворениците од затвор.
"Хуманитарната помош испратена во регионот на Мудамија е недоволна. Меѓутоа не се работи само за тој град во Сирија бидејќи најмалку 22 региони се под окупација на сирискиот режим. Делумно доставување на помош во некои места можеме да го третираме како позитивен чекор на сирискиот режим", рече Алиш.
Пратеникот на ОН, Мистура, вчера по втор пат се состана со делегацијата на сириската влада, а после тој состанок изјави дека постои можност овие преговори да завршат со неуспех.