Ekip
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
МОСКВА (АА) - Од Кремљ соопштија дека кога станува збор за состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп, сè оди според планот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп вчера во интервју за „Вашингтон пост“ изјави дека би можел да ја откаже планираната средба со Путин во Аргентина, откако Русија заплени три украински воени бродови минатиот викенд.
Дмитри Песков, портпаролот на Кремљ, изјави денес дека состанокот ќе се одржи и дека Русија не добила други информации од колегите од САД.
Состанокот меѓу Путин и Трамп треба да се одржи на маргините на самитот Г20, кој на 30 ноември и 1 декември ќе се одржи во Буенос Аирес.
Судирот меѓу Русија и Украина е отворен во неделата, кога бродовите на Руската крајбрежна стража отвориле оган кон трите брода на Украинската воена морнарица, а потоа ги заплениле заедно со посадите. Инцидентот се случи кај Керчкиот Мореуз во близина на брегот на Крим, кој Русија во 2014 година го анектираше.