Dejan Maksimoviç
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
МАНЧЕСТЕР (AA) – Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со доста потешкотии, дури во судиското надоплолнување од натпреварот, го совладаа швајцарскиот Јанг бојс и се пласираа во осминафиналето од Лигата на шампионите. Победоносниот гол на Маруан Фелаини, менаџерот Жозе Мурињо го прослави на нему својствен начин со фрлање на пластичните шишиња до аут-линијата, а по средбата имаше и порака за критичарите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Имено, на многумина не им се допаѓа начинот на кој Јунајтед оваа сезона игра и остварува победи. Генерално, тоа е понеубедлива игра, благодарејќи на долгите топки кои одат до високите Ромелул Лукаку и синоќешниот стрелец, Фелаини.
„Дозволете ми да испратам порака до моите љубители и да кажам дека 14 години играв Лига на шампиони и дека 14 пати сум ја поминал групната фаза. Двете години во кои не играв Лига на шампионите, ја освоив Лига Европа. Всушност, за 16 години, 14 пати ја поминав групата во Лига на шампионите и освоив два пехари во Лига Европа. Ова е само еден куриозитет за моите љубители и љубителите на статистиката“, рече Мурињо за британските медиуми по синоќешниот дуел на Олд Трафорд.
По петте одиграни кола во групата „Х“ од Лигата на шампионите, Јувентус е прв со 12 бода, два повеќе од второпласираниот Јунајтед. Валенсија е трета со пет, а Јанг бојс, последен со еден бод.