Анализа на вести

АНАЛИЗА - Дали аполарноста ќе води кон анархија?

Зголемената геополитичка игра помеѓу различните инцијативи за интеграција нема да резултира со кохерентно политичко обединување. Барем не во блиска иднина

Assoc. Prof. Admir Mulaosmanovic  | 11.06.2022 - Обновена : 13.06.2022
АНАЛИЗА - Дали аполарноста ќе води кон анархија?

Автор: Доц. проф. Адмир Мулаосмановиќ

[Авторот е експерт за современа светска историја на Меѓународниот универзитет во Сараево (IUS) и на Катедрата на меѓународни односи и дипломатија на Универзитетот во Сараево]

ИСТАНБУЛ (АА) - Светот трепери. Научниците низ светот веруваат дека долгоочекуваното враќање во „стара нормала“ по Ковид-19 е можно, додека постукраинското враќање во стариот меѓународен поредок се чини како бајка, до која тешко може да се дојде.

‒ Либералната хегемонија во криза ‒

Денешните проблеми се огромни додека целите и намерите на светските сили континуирано се во конфликт една со друга. Затоа дискусиите за униполарност, мултиполарност и генерално за глобалната политика се инфилтрираа во речиси секој дом во светот, загрозувајќи го секојдневниот живот на граѓаните не само од психолошка перспектива туку исто така и од конкретни промени со лошо влијание.

Недостигот на храна и енергија и прашањата за ефикасноста на ОН значително влијаат на луѓето. Потсетувајќи се на „војната за медицинска опрема“ во 2020 година и „војната за вакцини“ во 2021 година, граѓаните, особено оние од глобалниот југ (Global South), се загрижени за тоа како ќе изгледа кога основните прехранбени производи ќе станат геополитичка алатка. Навистина, храната веќе стана геополитичка алатка.

Прво, кризата на либералната хегемонија (да, тоа е точно) ги предизвикува овие промени дозволувајќи им на светските сили да ги сменат своите позиции за идниот поредок и нивното влијание. Кина беше силно убедена во тоа во 2016 година кога се случи Брегзит и кога Трамп ‒ како носител на изолационистичка политика наместо на универзализам, стана претседател на САД. Стремежот за либерална хегемонија, како главна карактеристика на надворешната политика на САД за време на периодот на Студената војна, неизбежно почна да бледее. Изгледа како ветувачки концепт поради војната во Украина и делумната ревитализација на единството на НАТО и Западот. Сепак, геополитичката битка која одзема многу време веќе создава пукнатини во тоа заедништво.

‒ Нови приоритети ‒

Американскиот милитаризам испреплетен со концептот на неотуѓиви права веќе тешко функционира како универзална вредност. Ја изгуби моќта и кредибилитетот, иако е поприфатлив од руската автократија или „социјализмот со кинески карактеристики за новата ера“ со децении. Едноставно затоа што основата на тој пристап е вкоренета во целта да се заштити животот дури и во „странска“, „нелиберална“ и „недемократска“ средина. Со текот на времето тој стана битка за вредностите со кои некогаш мора да преовладува либерализмот. Повитално беше да се брани либералната различност (или поинаку кажано, диктатурата на либералната парадигма) со отфрлање на традиционалните доблести отколку да се зачуваат палестинските животи, на пример.

Самата причина за либералните хегемонистички тенденции стана слаба. Така култивираните различности под либералната парадигма, под чадорот на либералниот „универзален“ концепт, сфатија дека тие се самата парадигма. Покрај тоа, тие разбираат дека е време да се насочат кон сопствениот поглед на светот.

Секако, стратешкото повлекување под маската на „империјалното раширување“ доведе до појава на англосаксонско братство и третман на ЕУ како партнер способен да служи како чувар на интересите на САД кон евроазиските сили, што резултира со нов концепт во надворешната политика на САД.

‒ Мултиполарност, поларност, аполарност или нешто друго?

Конкуренцијата е сѐ поголема, а влогот расте. Зголемената геополитичка игра помеѓу различните иницијативи за интеграција нема да резултира со кохерентно политичко обединување. Барем не во блиска иднина. Но сигурно не е нешто што Западот и таканаречените либерални демократии треба да го слават. Нема клучни придобивки од тоа за либералниот поредок.

Два суперблока? Можно е во иднина, но новите глобални региони се логични последици. Моќта, влијанието и севкупната способност да се заштити благосостојбата на населението се во магла, сѐ уште не е видлива. Но, дали тоа подразбира вистинска мултиполарност, во која светските сили имаат овластување да ја обликуваат глобалната политика и да воспостават „Јалта 2.0“? Посоодветно е да се дефинира овој преоден период како поларитет, како што неодамна се расправаше меѓу интелектуалците.

Една од клучните основи за сериозно сфаќање на овој аргумент е непобитниот пораст на проминентноста на малите и средните држави. Силите ќе мораат да слушаат и да им угодат. Унгарскиот случај во ЕУ и „политиката на своеволен син“ на Виктор Орбан се добри примери. Одбивањето на Мексико за присуство на Самитот на Северна и Јужна Америка, кој започна на 6 јуни, е друг значаен случај. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор јасно рече дека тој не може да ја поддржува одлуката на претседателот Џо Бајден да се исклучат Никарагва, Венецуела и Куба од поканата. И двајцата сведочат на едноставен факт: започна редефинирањето на позицијата на власта, кое ќе трае одреден период.

‒ Нови реалности ‒

Во оваа нова реалност, дипломатијата ќе биде доминантна. За да се постигне рамнотежа во рамките на регионот (геополитичко тело) и во вториот чекор да се воспостави рамнотежа меѓу регионите, ќе се создаде масовен простор за различни видови преговори и договори. Англосаксонскиот свет ги иницира овие процеси со креирање на АУКУС, рускиот православен панславизам за 21 век е тековен процес под концептот на „Рускиот свет“ и неговите варијанти и кинеското позиционирање на источната хемисфера како главна сила, особено во Индискиот Океан. Другите чекаат, несигурни како да дејствуваат и по кои принципи. Чудно е што земјите во муслиманскиот геопростор не можат да ги дефинираат сопствените интереси и да ги вклопат во регионална соработка. Каде се вредностите и принципите? Малку веројатно. Невозможно.

На крајот, конкретен одговор на насловот на текстот е дека аполарноста нема да доведе до анархија. Ќе се појави одредено безредие, но како фаза на воспоставување мултиполарен свет, нарушена фаза на уредениот свет. Свет одново уреден.

* Мислењата изразени во овој текст се авторски и не ја рефлектираат уредувачката политика на Агенција Анадолија (АА)




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.