Rabia İclal Turan
04 Јуни 2026•Ажурирано: 04 Јуни 2026
Американската Армија денес нападна сомнителен брод за трговија со дрога во Источниот Пацифик, при што загинаа две лица, соопшти Јужната команда на САД (САУТКОМ), пренесува Анадолу.
„Разузнавачките податоци потврдија дека бродот сообраќал по познати рути за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за шверц на наркотици“, се наведува во објавата на САУТКОМ на американската компанија за социјални медиуми Х.
Оттаму додадоа дека нападот бил насочен кон брод со кој управувале организации кои се опишани како назначени терористички организации.
„Двајца наркотерористи беа убиени за време на оваа акција. Ниту еден припадник на американските воени сили не е повреден“, се вели во соопштението.
Овој инцидент е дел од поширока воена кампања насочена против сомнителни чамци за шверц на дрога во регионот, во која се убиени повеќе од 200 луѓе во над 60 напади од минатиот септември.
Правните експерти и организациите за човекови права предупредуваат дека ваквите напади се незаконски според меѓународното право. Тие укажуваат дека овие акции, кои очигледно се насочени против цивили, можат да се третираат како вонсудски убивања.