Mohammad Sio
04 Јуни 2026•Ажурирано: 04 Јуни 2026
Припадник на Мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) е убиен, а двајца се ранети откако минофрлачки гранати ја погодија нивната позиција во јужен Либан, соопштија денес од УНИФИЛ, пренесува Анадолу.
Во соопштението на УНИФИЛ се наведува дека мировникот се здобил со критични повреди „кога минофрлачки гранати ја погодиле неговата позиција во близина на Марџајун, во југоисточен Либан“ доцна синоќа.
Повредениот мировник со авион бил евакуиран во болница во Бејрут, каде што подоцна им подлегнал на повредите.
Од УНИФИЛ соопштија дека уште двајца други мировници биле повредени во инцидентот и дека тие примаат медицинска помош во медицинска установа во рамки на нивната база.
Мировните сили соопштија дека започнале истрага за да се утврдат точните околности што довеле до овој трагичен инцидент.
„УНИФИЛ детектираше сè поголем број проектили и удари во Јужен Либан. Насилството мора да престане“, порачаа од мировните сили.