свет

Русија го дополни законот за означување на лица како странски агенти

Рускиот претседател ги потпиша амандманите на законот од 2017 година според кој поединци кои добиваат финансиски средства од странство ќе можат да бидат окарактеризирани како странски агенти

Elena Teslova  | 03.12.2019 - Обновена : 04.12.2019
Русија го дополни законот за означување на лица како странски агенти

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, денес ги одобри амандманите на законот што дозволува лица да бидат означени како странски агенти, предизвикувајќи критики од активистите кои водат кампањи за слободата на говорот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според новиот закон, поединци кои добиваат финансиски средства од странство ќе можат да бидат окарактеризирани како странски агенти.

Законот беше најавен во 2017 година како одговор на одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за прогласување на телевизискиот канал RT, поврзан со Кремљ, како странски агент.

Со проширувањето на амбиентот на делување на законот, постојат стравувања дека тој ќе биде користен за таргетирање на критичарите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın