Дојава за бомба во косовското Собрание ја одложи конститутивната седница за вечерва
„Побарана е евакуација бидејќи едно лице на англиски јазик дојавило дека во зградата е поставена бомба и дека ќе експлодира за 10 минути“

ПРИШТИНА (АА) – Дојава за бомба во зградата на косовското Собрание во Приштина предизвика пленарната седница да биде одложена до вечер, јавува Анадолу.
Седницата, која беше закажана за 11:00 часот утрово ќе започне вечерва во 20:00 часот.
Арбен Љоши, заменик-генерален секретар на Собранието, изјави дека дојавата ја дало лице кое се заканило преку телефон.
„Побарана е евакуација бидејќи едно лице на англиски јазик дојавило дека во зградата е поставена бомба и дека ќе експлодира за 10 минути“, рече тој.
Пратениците почнаа да се собираат околу 11:00 часот за да продолжат со 42-та седница за конституирање на косовското Собрание, кога одеднаш полицајците ги замолиле нив и претставниците на медиумите да ја напуштат зградата на Собранието поради закана со поставена експлозивна направа.
Сите парламентарни групи го послушаа полициското предупредување со напуштање на зградата на Косовското собрание, додека од медиумите беше побарано да држат дистанца и од дворот на зградата на Собранието, од безбедносни причини.
Косовската полиција соопшти дека заканата до Собранието дошла преку СМС-порака.
„Денес, 05.07.2025 година, во утринските часови, примена е информација (преку СМС) за закана со експлозивна направа во државниот објект на РКС. По приемот на информацијата, ангажирани се надлежните полициски единици, кои првично воспоставија безбедносен периметар и ги евакуираа луѓето од објектите. Косовската полиција ги извести надлежните обвинителства и полициските истражители, кои заедно со надлежните единици за деминирање и експерти преземаат соодветни контролни мерки во објектот“, се вели во соопштението на полицијата.
Косовското Собрание не успеа со конституирање на деветтиот состав на законодавниот дом ни во 41 обид.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.