Esra Tekin
05 Јули 2025•Ажурирај: 07 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од телефонскиот разговор со неговиот руски колега Владимир Путин кој го резлизира претходно неделава, пренесува Анадолу.
„Многу сум разочаран од разговорот што го имав (во четвртокот) со претседателот Путин, бидејќи не мислам дека е тука (на заеднички став), изјави Трамп за новинарите синоќа по враќањето во Вашингтон од Ајова, каде што присуствуваше на настан пред Денот на независноста, јави „Њујорк пост“.
Трамп додаде дека нема докази во однесувањето на Путин за желба да ја запре тригодишната војна со Украина.
„Само велам, не мислам дека сака да запре, а тоа е многу лошо“, додаде тој.
Обвинувајќи ја поранешната администрација на Џо Бајден за војната меѓу Русија и Украина, Трамп рече: „Се заглавив во средина, исто како што направив со имиграцијата и многу други работи што ги зафркнаа.“
„Не сум задоволен од разговорот.“
Претходно во четвртокот, Трамп изјави дека не постигнал никаков напредок кон прекин на огнот во Украина за време на телефонскиот разговор со Путин.
„Имавме телефонски разговор. Беше прилично долг. Разговаравме за многу работи, вклучително и за Иран, а разговаравме и за, како што знаете, војната со Украина. Не сум задоволен во врска со тоа“, рече Трамп.
„Не, денес воопшто не постигнав никаков прогрес со него“, додаде американскиот претседател.