Рохани: Соборувањето на патничкиот авион на „Украина ерлајнс“ е 'непростлива грешка'
„Кога помислив дека постојат необични околности во кои се урнал авионот, побарав веднаш истрагата за тоа да се спроведе што поскоро“, изјави иранскиот претседател

ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, изјави дека соборувањето на патничкиот авион на „Украина ерлајнс“ е непростлива грешка, додавајќи дека ќе го следи понатамошниот тек на случувањата во врска со овој случај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува иранската државна телевизија, Рохани во обраќањето во Техеран изјавил дека побарал од надлежните органи што побрза истрага во врска со овој случај.
„Кога помислив дека постојат необични околности во кои се урнал авионот, побарав веднаш истрагата за тоа да се спроведе што поскоро. Кога стана јасно дека се работи за непростлива грешка, наредив веднаш сето тоа да се сподели со јавноста“, изјави иранскиот претседател.
Тој вети дека иранските власти до крајот многу внимателно ќе го следат целиот случај, додавајќи дека мора да биде основан посебен суд кој ќе се занимава само со ова прашање.
„Ова не е обично досие и очите на целиот свет ќе бидат вперени во овој суд“, изјави Рохани.
Портпаролот на Врховниот суд на Иран, Гулам Хусеин Исмаили, изјави дека се приведени неколку лица во рамките на истрагата за случајот со соборувањето на патничкиот авион на „Украина ерлајнс“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.