Shpetim Hiseni
20 Февруари 2026•Ажурирај: 23 Февруари 2026
ПРИШТИНА (AA) – Собранието на Косово денес во второ читање го усвои предлог-буџетот за 2026 година, јавува Анадолу.
Буџетот беше усвоен со 62 гласа „за“ и 36 „против“.
Тој изнесува околу 4 милијарди евра и беше оценет како привремен и итен бидејќи ќе се ревидира наредните месеци.
За време на седницата не беше усвоен ниеден амандман на опозицијата со финансиски импликации, додека беа поддржани два амандмана за вклучување средства во буџетот за општините Приштина и Штимле.