Ирак: Шиитските политички лидери не ги прифаќаат резултатите од изборите што ги доби движењето Садр
„Нашата доверба во Врховната изборна комисија е разнишана поради хаосот во објавувањето на изборните резултати во последните два дена и фактот дека не се објавени транспарентно.“

БАГДАД (АА) - Шиитските политички лидери во Ирак истакнаа дека не ги прифаќаат резултатите од изборите на кои победи Муктада ес-Садр, водачот на движењето Садр, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поранешните премиери Нури ал Малики и Хајдар ал Ибади, Хашд ал Шааби Фалих Фејад и водачот на Движењето за национална мудрост, Амар ал Хаким, се собраа во домот на Хади ал Амири, водачот на Коалицијата „Фетих“, каде што ги оценија резултатите од изборите.
Во соопштението објавено по состанокот се наведува: „Претходно соопштивме дека не ги прифаќаме објавените конечни резултати од изборите. Нашата доверба во Врховната изборна комисија е разнишана поради хаосот во објавувањето на изборните резултати во последните два дена и фактот дека не се објавени транспарентно. Затоа, на овој начин повторно соопштуваме дека ги отфрливме изборните резултати. Прифаќањето на овие резултати ќе го загрози општествениот мир.“
Во Ирак, групата Садр, поврзана со шиитскиот водач Муктад ал Садр, освои 73 места и стана првата партија во Парламентот со освоени 329 места.
Со 38 освоени пратенички места, партијата Такадум, која ја предводи поранешниот претседател на Парламентот, Мухамед ал Халбуси, е втора, а Државната коалиција на поранешниот премиер Нури ал Малики е на трето место со 37 пратеници.
Коалицијата „Фетих“, која е блиска со Иран, доби 14 места, Алијансата формирана од Хеким и Абади успеа да добие 4 места.
Шиитските политички лидери, освен Садр, тврдат дека резултатите се изменети и изборите се наместени.
Врховната изборна комисија на Ирак сѐ уште не ги објавила конечните резултати.
Се наведува дека петтите избори во Ирак од 2003 година имаат најниска стапка на излезност, само 41 процент.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.