свет

Ирак: Над 4.500 припадници на ДЕАШ пренесени од Сирија во координација со коалицијата предводена од САД

- „Одлуката на Владата беше смела и заснована врз точни калкулации и процедури за нивно пренесување и сместување во ирачките затвори без да се појават никакви проблеми“

Lina Altawell  | 12.02.2026 - Обновена : 12.02.2026
Ирак: Над 4.500 припадници на ДЕАШ пренесени од Сирија во координација со коалицијата предводена од САД

ИСТАНБУЛ (АА) – Ирак пренесе повеќе од 4.500 припадници на ДЕАШ од Сирија во ирачките затвори во координација со коалицијата предводена од САД против терористичката организација, изјави портпаролот на ирачката војска, пренесува Анадолу.

„Одлуката (за пренесување на припадниците на ДЕАШ во Ирак) имаше цел да ги спречи овие терористи да избегаат од сириските затвори и да се осигури дека тие нема да се претворат во темпирана бомба што ја загрозува безбедноста“, изјави Сабах ал-Нуман за државната новинска агенција ИНА.

„Одлуката на Владата беше смела и заснована врз точни калкулации и процедури за нивно пренесување и сместување во ирачките затвори без да се појават никакви проблеми.“

Тој рече дека пренесувањето на припадниците на ДЕАШ „е спроведено во координација меѓу ирачките власти и меѓународната коалиција против ДЕАШ“.

„Сите затвори каде што се сместени се перфектно обезбедени... и целосно се под надлежност на Министерството за правда“, рече тој.

„Во тие затвори не е регистрирано никакво прекршување или случај на недисциплина“, рече портпаролот.

Тој истакна дека ирачката Влада постојано ги повикува странските влади да ги репатрираат своите државјани меѓу притворените припадници на ДЕАШ.

Портпаролот изрази надеж дека повеќе земји ќе преземат чекори за враќање на своите граѓани, со цел да помогнат во затворањето на досието „што продолжува да претставува ризик за стабилноста во Ирак и Сирија, особено бидејќи семејствата на припадниците на ДЕАШ остануваат во Сирија“.

Кон крајот на 2017 година Ирак прогласи победа над ДЕАШ по три години жестоки борби.

Сепак, терористичката организација останува активна во северните, западните и источните покраини, извршувајќи повремени напади, додека Владата продолжува да спроведува безбедносни и воени операции за елиминирање на нејзините остатоци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.