Islam Uddin
18 Февруари 2026•Ажурирај: 18 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Јапонската премиерка Санае Такаичи денес ја задржа позицијата прва жена премиер на земјата откако Парламентот повторно ја избра по убедливата победа на нејзината владејачка партија на неодамнешните предвремени избори, пренесува Анадолу.
Такаичи доби мнозинство гласови и во Долниот и во Горниот дом на дводомниот Парламент како 105. премиер на Јапонија, според државниот медиум НХК.
Гласањето се одржа по предвремените парламентарни избори во земјата на 8 февруари, на кои Либерално-демократската партија (ЛДП) на Такаичи обезбеди големо мнозинство во Долниот дом, првпат по Втората светска војна.
Вчера, Кабинетот на Такаичи поднесе колективна оставка, како што наложува Уставот пред формирањето нова влада.
Се очекува таа повторно да ги назначи поголемиот дел од актуелните министри, а листата треба да биде објавена во текот на денот.
Такаичи (64) беше избрана за прва жена премиер на Јапонија минатиот октомври откако победи на изборите за лидер на ЛДП.
Таа распиша предвремени избори во рок од четири месеци по стапувањето на функцијата.