Меѓународниот балкански универзитет во Скопје ја организираше 15. студентска изложба
- Овој настан, опишан од ИБУ како прослава на креативноста и иновацијата, беше организиран од Факултетот за уметност и дизајн и Катедрата за архитектура при Факултетот за инженерство при ИБУ

СКОПЈЕ (АА) – Во просториите на Музејот на Град Скопјe беше организирана 15. студентска изложба на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), јавува Анадолу.
Овој настан, опишан од ИБУ како прослава на креативноста и иновацијата и енергична комбинација од имагинација, вештина и академско достигнување, беше организиран од Факултетот за уметност и дизајн и Катедрата за архитектура при Факултетот за инженерство при ИБУ.
Изложбата привлече разновидна публика, во која имаше академици, архитекти, уметници, студенти и семејства.
На свеченото отворање говореа ректорот на МБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, вон. проф. д-р Марија Милошевска Јанакиеска, раководителка на Катедрата за архитектура и проф. Лазе Трипков од Факултетот за уметност и дизајн, кои ја истакнаа важноста на креативноста, критичкото размислување и улогата на уметноста во обликувањето на светот.
Ректорот проф. д-р Љутфи Сунар ја нагласи суштинската улога на уметноста и дизајнот во обликувањето на поврзано и осмислено општество, истакнувајќи ја креативноста како сила за културно влијание и решавање реални проблеми. Тој ги пофали оригиналноста на студентите и висококвалитетната изработка на нивните дела како одраз на образовната извонредност на ИБУ.