Македонската фудбалска репрезентација со реми во дуелот со Летонија
- Македонската репрезентација го одигра со резултат 0:0 пријателскиот натпревар против Летонија во националната арена „Тодор Проески“ во Скопје
СКОПЈЕ (АА) – Контролниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Летонија, кој се одигра вечерва, заврши без победник и без постигнат гол, јавува Анадолу.
Македонската репрезентација го одигра со резултат 0:0 пријателскиот натпревар против Летонија во националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
И покрај неколкуте шанси за погодок од страна на двете екипи пријателскиот меч заврши без голови.
Македонската репрезентација следниот натпревар ќе го има во Кардиф против Велс во квалификациите за Светското првенство 2026. Средбата е закажана за 18 ноември.
