спорт

„Фудбалскиот натпревар Каталонија-Палестина е повеќе од само натпревар“, истакна Пеп Гвардиола

- Пеп Гвардиола, по потекло од Каталонија, ги покани спортските фанови да ги наполнат трибините на натпреварот на палестинската репрезентација против Каталонија во Барселона.

Yunus Kaymaz  | 14.11.2025 - Обновена : 16.11.2025
 „Фудбалскиот натпревар Каталонија-Палестина е повеќе од само натпревар“, истакна Пеп Гвардиола

ЛОНДОН (АА) - Жузеп „Пеп“ Гвадиола, менаџер на англискиот клуб Манчестер Сити, ги повика спортските фанови да дојдат на натпреварот помеѓу каталонската и палестинската репрезентација закажан за вторник во знак на солидарност со убиените палестински спортисти, известува Анадолу.

Во својата порака 54-годишниот менаџер од Каталонија порача:

„Барселона, градот на мирот, е домаќин на натпреварот помеѓу каталонската и палестинската репрезентација на Олимпискиот стадион во вторник. Овој натпревар е многу повеќе од спортски настан. Тоа е повик за солидарност во знак на почит кон повеќе од 400 палестински спортисти убиени во Газа. Да го исполниме стадионот.“

Палестинската фудбалска репрезентација ќе игра натпревари за солидарност утре против баскиската репрезентација на стадионот „Сан Мамес“, а натпреварот против каталонската репрезентација е закажан за вторник, 18 ноември, на Олимпискиот стадион во Барселона.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.