Спортски парк отворен на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје
- Балканскиот спортски парк е изграден во соработка со Унијата на општини од турскиот свет (TDBB), Град Коња и Општина Селчуклу
СКОПЈЕ (АА) – На Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопјe се одржа церемонијата на отворање на Балканскиот спортски парк, јавува Анадолу
Балканскиот спортски парк е изграден во соработка со Унијата на општини од турскиот свет (TDBB), Град Коња и Општина Селчуклу.
На церемонијата, што се одржа во кампусот на ИБУ, присуствуваа амбасадорот на Турција во Скопјe, Фатих Улусој, раководители на ИБУ, членови на академскиот кадар и студенти.
Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, во својот говор нагласи дека универзитет не може да се замисли без спортски простор и дека е важно студентите да бидат активни во секојдневниот живот.
Изразувајќи надеж дека студентите ќе ја искористат оваа можност, Сунар рече: „Им благодариме многу на Град Коња и Општина Селчуклу. Овој центар е изграден со нивна финансиска поддршка. Без оваа поддршка, веројатно ќе беше невозможно да се изгради“.
Тој додаде дека во наредните денови ќе бидат организирани разни активности во овој простор.
Во рамките на активноста беа одржани турнири во повеќе спортски дисциплини.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
