Балкан

Шефот на германската дипломатија: Албанија е целосно посветена на продолжување на својот пат кон интеграција во ЕУ

- Во рамките на неговата турнеја низ балканските земји, Вадефул ја посети Албанија, каде што се сретна со министерката за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали, со која одржаа заедничка прес-конференција

Fatjon Cuka  | 17.11.2025 - Обновена : 17.11.2025
Шефот на германската дипломатија: Албанија е целосно посветена на продолжување на својот пат кон интеграција во ЕУ Olsi Shehu/AA

ТИРАНА (AA) – Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека Албанија е целосно посветена на продолжување на својот пат кон интеграција во Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.

Во рамките на неговата турнеја низ балканските земји, Вадефул ја посети Албанија, каде што се сретна со министерката за Европа и надворешни работи, Елиса Спиропали, со која одржаа заедничка прес-конференција.

Спиропали истакна дека Албанија е посветена на европските интеграции, со силни демократски институции, независен правосуден систем и стабилна економија.

„Нашата национална цел е амбициозна, но од денес целосно остварлива. Со поддршка на Европската комисија и земјите членки, да ги затвориме преговорите во рок до 2027 година и да бидеме подготвени за членство во текот на оваа деценија“, изјави Спиропали.

Поддршката на граѓаните за членство во ЕУ изнесува 92 отсто, највисока во регионот, рече таа.

Спиропали потенцираше дека Албанија останува фактор на стабилност во регионот и го истакна значењето на соработката со Косово, апелирајќи за отстранување на ограничувањата што го попречуваат нејзиниот европски пат.

Од друга страна, шефот на германската дипломатија Вадефул нагласи дека Германија и ЕУ стојат цврсто зад Албанија и дека шансите за членство се многу добри ако земјата продолжи со реформите во владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Мислам дека во ниедна друга земја во регионот поддршката за членство во ЕУ не е толку голема како овде во Албанија. Албанија е целосно решена да го продолжи својот пат кон интеграција во Европската Унија ... Напредокот на Албанија е импресивен“, рече Вадефул.

По посетата на Албанија, Вадефул ќе продолжи со турнејата во другите земји од Балканот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.