Хрватска: Пожар ја зафати зградата на „Вјесник“ во Загреб, гаснењето сè уште трае
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на самото место ќе го утврди тоа...“
ЗАГРЕБ (АА) – Во зградата на „Вјесник“ на авенијата Славонска во Загреб избувна пожар околу 23 часот синоќа, а бидејќи се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што во неговото гаснење беа вклучени голем број пожарникари, пренесува Анадолу.
Во моментот на избивање на пожарот, во зградата немало никој, објави „Индекс.хр“.
93 пожарникари со 30 возила учествуваат во гаснењето на пожарот.
„Пожарот е сè уште активен и се шири преку конструкциските отвори. Поради зголемената опасност, пожарникарите се повлечени од внатрешниот дел“, соопшти Јавната противпожарна служба на Град Загреб. Причината за пожарот сè уште е непозната.
Пред зградата утрово дојде и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ.
„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на самото место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е тотална. Мнозински сопственик на зградата е државата, статичарите ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се оди на негово реновирање“, рече Томашевиќ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
