Албанија одлучи да ги укине мерките за забрана на платформата ТикТок
- На 6 март 2025 година Владата на Албанија донесе одлука за блокирање на пристапот до ТикТок во период од 12 месеци
ТИРАНА (АА) – Властите во Албанија донеле одлука повторно да го отворат пристапот до платформата ТикТок по околу една година блокада, пренесува Анадолу.
Медиумите објавија дека Советот на министри на Албанија донел одлука за повторно отворање на апликацијата ТикТок, која беше блокирана во март 2025 година.
Од Владата на Албанија сѐ уште нема официјална реакција во врска со ова прашање.
Во реакцијата поврзана со темата, Здружението на новинари на Албанија (АГШ) соопшти дека Советот на министри ја најавил одлуката за укинување на мерките за забрана на ТикТок, „тврдејќи дека е укината претходната одлука со која беше блокирана оваа социјална мрежа“.
„Сепак, оваа одлука сѐ уште не е објавена во Службен весник и, како таква, не стапи на сила, што значи дека правните влијанија од забраната сѐ уште се активни“, се наведува во соопштението на АГШ.
Според соопштението, за денес е закажана седница на Уставниот суд во врска со блокирањето на платформата ТикТок во Албанија.
Исто така, АГШ информира дека на 3 февруари Советот на министри му се обратил на Уставниот суд со барање за запирање на постапката, со образложение дека таа е „безпредметна“.
„АГШ изразува сериозна загриженост во врска со овие постапки, кои создаваат силни сомненија за процесни маневри, со цел избегнување соочување пред Уставниот суд и, како последица, избегнување институционална одговорност за одлука што произведе директни последици врз слободата на изразување и информирање“, се наведува во соопштението.
Потсетуваме дека АГШ го поднесе овој случај до Уставниот суд за да ја оспори одлуката за затворање на платформата ТикТок.
– Одлука за затворање на платформата ТикТок -
На 6 март 2025 година Владата на Албанија донесе одлука за блокирање на пристапот до ТикТок во период од 12 месеци.
Одлуката беше донесена по убиството на 14-годишен ученик од негов врсник во ноември 2024 година, како и по случаи на конфликти меѓу малолетници што беа објавени и онлајн.
Албанската Влада одлучи да го прекине пристапот до ТикТок на територијата на Албанија сѐ додека платформата не ги спроведе стандардите за безбедност и возраста за малолетните корисници.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
