Балкан

Претседателката Силјановска-Давкова го пречека претседателот на Албанија, Бегај

- На официјална церемонија во Вила „Водно“ со највисоки државни и воени почести претседателката Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава.

Dzihat Aliju  | 27.02.2026 - Обновена : 27.02.2026
Претседателката Силјановска-Давкова го пречека претседателот на Албанија, Бегај  Извор: Претседателсвото на РСМ

СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај, јавува Анадолу.

На официјална церемонија во Вила „Водно“ со највисоки државни и воени почести претседателката Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава.

Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на албанската делегација.

Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно продлабочување во повеќе сфери од заемен интерес.

Соговорниците разменија мислења за европските аспирации на двете држави, соработката во рамките на НАТО-алијансата и актуелната безбедносна состојба на европскиот континент, како и за соработката во рамки на регионалните иницијативи.

Беше изразена подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и институционалната соработка, во интерес на граѓаните на двете држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.