Балкан

Во Албанија се одржа состанокот на Комисијата за социјални и хуманитарни политики ПАБСЕК

- Состанокот е организиран од Собранието на Албанија во соработка со Парламентарното собрание за економска соработка на Црното Море, со фокус на „културната дипломатија како суштинска димензија на меѓупарламентарната соработка“

Fatjon Cuka  | 04.03.2026 - Обновена : 04.03.2026
Во Албанија се одржа состанокот на Комисијата за социјални и хуманитарни политики ПАБСЕК Собрание на Албанија

ТИРАНА (AA) - Во Албанија се одржа 66-тиот состанок на Комисијата за социјални и хуманитарни политики на Парламентарното собрание за економска соработка на Црното Море (ПАБСЕК), пренесува Анадолу.

Состанокот е организиран од Собранието на Албанија во соработка со Парламентарното собрание за економска соработка на Црното Море, со фокус на „културната дипломатија како суштинска димензија на меѓупарламентарната соработка“.

Во соопштението од Собранието на Албанија се наведува дека на отворањето, поздравен говор одржала потпретседателката на Собранието на Албанија, Клодијана Спахиу, која ја истакнала важноста на културната дипломатија како мост на соработка и дијалог во регионот на Црното Море, „како и ангажманот на Албанија за промоција на демократските вредности и европската интеграција“.

„Заменик-министерката за Европа и надворешни работи (на Албанија), Мириам Шити, ја нагласи важноста на регионалната соработка и посветеноста на Албанија за унапредување на процесот на интеграција во ЕУ. Додека генералниот секретар на Парламентарното собрание за економска соработка на Црното Море, Асаф Хаџијев, му се заблагодари на Собранието на Албанија за гостопримството и ја истакна потребата од продлабочување на соработката меѓу земјите членки“, се наведува во соопштението.

За време на состанокот се нагласува дека бил усвоен нацрт-извештајот со тема „Културна дипломатија за зајакнување на односите и соработката во регионот на Црното Море“.

Исто така се потврдува дека на крајот од состанокот беше одлучено 67-от состанок на Комисијата да се одржи во септември 2026 година во Ерменија.

Во рамки на овој состанок, генералниот секретар на Парламентарното собрание за економска соработка на Црното Море, Асаф Хаџијев, одржа одделни средби со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, и со претседателот на Собранието, Нико Пелеши.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın