Балкан

Претседателот Бегај го потпиша декретот за измените во владиниот Кабинет на Албанија

- Измените беа предложени пред неколку дена од премиерот Еди Рама, кои опфаќаат промени во неколку клучни ресори, вклучително и разрешувањето на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку

Fatjon Cuka  | 04.03.2026 - Обновена : 04.03.2026
Претседателот Бегај го потпиша декретот за измените во владиниот Кабинет на Албанија

ТИРАНА (AA) - Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, денес го потпиша декретот со кој се одобруваат последните измени во владиниот Кабинет, соопштија од Кабинетот на претседателот на Албанија, пренесува Анадолу.

Измените беа предложени пред неколку дена од премиерот на Албанија, Еди Рама, и опфаќаат промени во неколку клучни ресори, вклучително и разрешувањето на вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Актуелната министерка за внатрешни работи, Албана Кочиу, е предложена за функцијата вицепремиерка, додека како министер за Европа и надворешни работи е предложен дипломатот Ферит Хоџа, функција што досега ја извршуваше Елиса Спиропали.

На функцијата министер за внатрешни работи е предложен актуелниот министер за правда, Бесфорт Ламалари, за министер за правда е Тони Гогу, кој моментално е министер за државни односи со Парламентот, а Ерјона Исмаили како министерка за односи со Парламентот.

Енеа Каракачи ќе биде нов министер за инфраструктура и енергетика, додека Ермал Нуфи министер за одбрана, функција што моментално ја извршува Пиро Венгу.

Во меѓувреме, Бегај ги потпиша и декретите за разрешување на министрите Балуку, Спиропали и Венгу.

Измените во владиниот Кабинет треба да бидат одобрени од Собранието на Албанија и по официјалната церемонија на заклетва во Кабинетот на претседателот, новите министри официјално ќе ја преземат должноста.

Измените во Владата на Албанија доаѓаат по последните случувања во врска со случајот против Балуку, која е обвинета за кривичното дело „повреда на еднаквоста на учесниците во тендери или јавни аукции“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.