Балкан

Претседателот на Управата за верски работи на Турција, Арпагуш, се сретна со претседателот на ИВЗ, Фетаху

- По средбата што се одржа во зградата на Исламската верска заедница на Северна Македонија во главниот град Скопје, двајцата функционери дадоа изјави за медиумите

Dzihat Aliju  | 04.03.2026 - Обновена : 04.03.2026
Претседателот на Управата за верски работи на Турција, Арпагуш, се сретна со претседателот на ИВЗ, Фетаху Umeys Sulejman/AA

СКОПЈЕ (AA) - Претседателот на Управата за верски работи на Турција, Сафи Арпагуш, во рамките на неговата посета на Северна Македонија, се сретна со претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ), Шаќир Фетаху, јавува Анадолу.

По средбата што се одржа во зградата на Исламската верска заедница на Северна Македонија во главниот град Скопје, двајцата функционери дадоа изјави за медиумите.

Соопштувајќи дека се наоѓа во Северна Македонија за да учествува на ифтарската програма, Арпагуш изјави: „Ова е моја прва посета на Скопје. На крајот од месецот има уште една средба. Се надевам, по ова ќе се среќаваме почесто. Ние не само во Северна Македонија, туку и во Африка, во Азија, во Европа, на Балканот, во сите предели што нашите предци ни ги оставиле како аманет, сметаме дека треба да ги исполниме услугите што ги бара нашето поле на дејствување“.

Арпагуш нагласи дека од Турција донеле поздрави и љубов за Северна Македонија.

- „Големата џамија во Скопје е најголемиот симбол на нашата соработка“

Фетаху изјави дека Управата за верски работи покажува голема грижа кон верниците во Северна Македонија и дека тоа се докажува со направените инвестиции.

Изразувајќи задоволство од инвестициите направени во реставрацијата на османлиските џамии во неговата земја, Фетаху рече: „Бидејќи тие, покрај тоа што нè поврзуваат со времето на исламската Османлиска Империја, тие се најубавите цвеќиња на Република Македонија (Северна). Но најголемиот симбол на соработката на Турција, Дијанетот и неговите институции со нашата земја, со исламската заедница на Македонија (Северна), е убавицата на нашата држава наречена Големата џамија во Скопје, која сега е отворена за верниците и беше пречекана со многу голема радост“.

Фетаху исто така ја истакна големата важност што му го придаваат на фактот дека изградбата на скопската џамија е реализирана со поддршка на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Изразувајќи задоволство од иницијативата на претседателот на Управата за верски работи, Арпагуш, за организирање на состанокот на балканските верски лидери во главниот град Скопје, Фетаху нагласи дека ќе вложат максимални напори таа средба да се реализира на најдобар можен начин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.