Балкан

Силјановска-Давкова: Односите меѓу нашата земја и Албанија се одлични и пријателски, немаме отворени прашања

- „Денешната средба за мене е поттик за поинтензивна билатерална соработка и таа е уште еден влог во продлабочувањето на пријателството и на заемната поддршка“, изјави претседателката Сиљановска-Давкова

Dzihat Aliju  | 27.02.2026 - Обновена : 27.02.2026
Силјановска-Давкова: Односите меѓу нашата земја и Албанија се одлични и пријателски, немаме отворени прашања

СКОПЈЕ (АА) - Претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, рече дека односите меѓу нејзината земја и Албанија се одлични и пријателски и дека нема отворени прашања меѓу двете земји, јавува Анадолу.

Македонската претседателка оцени дека односите меѓу Северна Македонија и Албанија се одлични и имаат основа за продлабочување на соработката во сите области.

„Денешната средба за мене е поттик за поинтензивна билатерална соработка и таа е уште еден влог во продлабочувањето на пријателството и на заемната поддршка“, изјави претседателката Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со албанскиот колега Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета во земјата.

Зборувајќи за евроинтеграциите на државата, таа рече дека билатерализацијата на евроинтеграциите нема да биде осамен пример и членките на Европската Унија (ЕУ) треба да ја превенираат.

„Ставањето на идентитетските и на историските прашања на агендата само ќе го комплицира процесот на пристапување на земјите што природно припаѓаат кон ЕУ“, изјави таа.

Сиљановска-Давкова повтори дека се цврсто определни за влез во ЕУ и истакна дека во чекорењето на Црна Гора и на Албанија на патот кон ЕУ гледа европски чекори и за целиот Западен Балкан.

„До членството се стигнува со реформи, особено со владеење на правото, борба против корупцијата и јакнење на демократските институции. И тука имаме консензус дека тоа е нешто што не е врзано само со Копенхашките критериуми, туку за нашата европеизација“, рече Сиљановска-Давкова.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.