Мицкоски изрази поддршка за Катар во телефонски разговор со катарскиот премиер Ал-Тани
- „Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток“, истакна премиерот Мицкоски во својата објава
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, јавува Анадолу.
Мицкоски за деталите од разговорот информираше преку својот профил на социјалната мрежа Х, нагласувајќи ја поддршката за Катар во контекст на актуелните геополитички случувања.
„Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток“, истакна премиерот Мицкоски во својата објава.
За време на разговорот, двајцата соговорници размениле мислења за актуелните регионални и глобални предизвици, при што заеднички ја потенцирале неопходноста од одржување на мирот.
„Ја нагласивме важноста од стабилноста, мирот и соработката“, соопшти Мицкоски, додавајќи дека двете страни остануваат посветени на натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на граѓаните и економиите.
