Bayram Altuğ
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
БЕРН (АА) – На митингот во главниот град на Швајцарија, Берн, организиран „против“ референдумот од страна на приврзаниците на ПКК, терористичката организација го зема како цел претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. На митингот имаше транспарент на кој пишува „Kill Erdogan“ (Убијте го Ердоган). На платно со црна позадина имаше фотографија од Ердоган со вперен пиштол кон него, кадешто пишуваше „Убијте го Ердоган“, јавува Anadolu Agency (AA)
На митингот организиран на плоштадот „Парламент“, кој се наоѓа во центарот на Берн, учествуваа приврзаниците на ПКК, ДХКП-Џ, ЈПГ и некои други лево ориентирани терористички организации.
На митингот присуствуваа околу 250 лица, а забележана е и поддршка од Швајцарската Партија на зелените.
Говорниците повикаа, на референдумот, кој ќе се одржи во Турција на 16. Април, да се гласа со „не“. На бината беа закачени транспаренти на кои на различни јазици пишува „Не“.
Швајцарската полиција не интервенираше за транспарентот, со кој приврзаниците на терористичката организација ПКК го земаа на мета претседателот Ердоган, а на кој пишуваше „Убиј го Ердоган“. На платно со црна позадина имаше фотографија од Ердоган со вперен пиштол кон него, кадешто пишуваше „Убијте го Ердоган“.
Митингот беше под силно обезбедување, а беа подготвени и екипи за прва помош.
- Приврзаниците на терористичката организација со слоган „Ердоган терорист"
Приврзаниците на терористичката организација извикуваа пароли против Турција и Ердоган. Демонстрантите носеа платнени постери со лидерот на организацијата ПКК и често извикуваа пароли како „Ердоган терорист“ и „Ердоган диктатор“.
- ПКК не е на листата на терористички организации во Швајцарија
ПКК не е на листата на терористички организации во Швајцарија, како што е случајот со САД и ЕУ. И покрај ова, во безбедносниот годишен извештај објавен од страна на Швајцарската федерална одбрана, Цивилната одбрана и министерството за спорт, со наслов „Швајцарска безбедност 2015“, организацијата беше опишана како, „екстремистичка терористичка група, која посега по насилство и чијшто потенцијал за насилство не се намалува“.
Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на официјалната посета во Швајцарија од 3. Ноември, посочи дека, бараат да се превземат мерки кон ПКК и ДХКП-Џ (којашто е на терористичката листа), или пак, тие терористи да бидат екстрадирани и изведени пред меѓународното право.
На заедничката прес – конференција со својот колега Дидиер Буркхалтер, Чавушоглу изјави: „Ова е универзално право, кое на некој начин одговара на вашето. Швајцарија е пример во врска со ова, сакаме да бидат превземени мерки. Инаку, не бараме да ги исфрлите овие терористи во некој поток или езеро. Ние велиме, или екстрадирајте ни ги, или нека ја сносат потребната казна.“