Ecenur Çolak
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
АНТАЛИЈА (АА) – Министерот за Европска Унија (ЕУ) и главниот преговарач за Турција, Омер Челик, во врска со Извештајот на Комисијата за надворешни работи во Британскиот парламент за Турција изјави: „Во овој тип на извештаи, или нашите ставови се занемаруват, или пак се прифаќаат и оставајќи ги настрана се пишуваат еднострано“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Челик на овогодинешниот шестти по ред Турско - Британски форум во Анталија по одржаниот говор на панел дискусијата на тема „Обидот за државен удар во Турција и постпериодот“, даде изјава за медиумите, оценувајќи го форумот и агендата.
Челик пренесе дека, во различни извештаи се тема на расправа мерките кои Турција ги превзема во врска со обидот за државен удар и додаде дека, тешко е да се разбере прашањето „дали има доволно докази“ во врска со извештајот на Комисијата за надворешни работи на Британскиот парламент.
Тој потенцира дека, повеќе пучисти во своите изјави пред обвинителството отворено кажаа дека се членови на терористичката организација ФЕТО и оти, обидот за пуч го извршиле во име на лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен. Тој исто така, потсети дека, повеќе судии имаат давано изјави дека во важни судски случаи , работеле во насока на наредбите на лидерот Ѓулен.
„Отворено и јасно ги прашав, каков доказ уште чекаат. Уште докази, уште зборувања... Ние сме спремни за ова, не бегаме, ништо не криеме“, рече Челик.
Во врска со зборовите од извештајот „Имаме потреба од повеќе докази“, Челик пренесе дека, на форумот истакнал оти, ваквите извештаи не треба да се подготвуваат еднострано.
„Во турскиот парламент има пратеници од власта и од опозицијата, кои таа ноќ даваа отпор под бомбите. Кога ќе подготвувате вакви извештаи, сретнете се со нашите пратеници, од АК партијата, или пак од опозицијата, и подгответе заеднички извештај. Нека се отворат сите теми и оние за кои се разбирате и оние за кои не се разбирате. Никој не може да има повеќе детали во врска со подготвување на вакви извештаи. Но, нека не нѐ слушаат само нас. Нека ги чујат и пратениците од опозиционите партии, сите тие храбро го штитеа парламентот од бомбардирање. Во овој тип на извештаи, или нашите ставови се занемаруват, или пак се прифаќаат и оставајќи ги настрана се пишуваат еднострано“, истакна Челик.
Омер Челик објасни дека со мерките кои се превземени по 15. јули, опасноста од обидот на ФЕТО за државен удар е уништена во голема мера.
„Но, никој нека не мисли дека опасноста е завршена“, рече Челик и додаде дека, ФЕТО е формиран врз основа на постојано криење на својот идентитет ’под тепих’ и оти, сите треба да бидат будни против ова.