Anıl Bağrık
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
МЕРСИН (AA) – Умије Коџак (60), жител на местото Арсланкој во близина на градот Мерсин во јужниот дел на Турција, денеска би била обична стара жена, доколку пред 15 години во своето село не основала театарска група за жени, напишала 15 текста за театарски претстави, имала преку 10 илјади настапи во театар, режирала филм, наградувана е во Њујорк, а неодамна режираше и глумеше во рекламниот филм со португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, пишува Anadolu Agency (AA).
Коџак е жена која немала можност да оди во основно училиште, а образованието и знаењето го стекнувала самостојно читајќи гниги и различна литература. Ако се земе в предвид што се постигнала оваа мајка на три деца, тогаш сигурно може да се констатира дека доколку постои желба, ништо во животот не е невозможно.
Токму животот на Умије Коџак бил и инспирација за рекламниот филм на турската телекомуникациска компанија Турк Телеком насловена „Доволно е да сонуваш", во кој глумат бабата Умије Коџак и ѕвездата на шпанскиот Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.
Коџак за своето ново искуство разговараше со новинарот на АА и рече дека била многу возбудена поради овој проект. Ги пренесе и своите впечатоци за Роналдо, за кого рече дека го следи од порано.
- Роналдо е фино дете, го почитувам
„Роналдо е едно фино дете, го почитувам многу. Го почитувам и горда сум на него поради неговата борба и она што го прави. Порано размислував за тоа дека Роналдо сонувал да биде она што е денеска и го постигнал тоа. Јас размислувам на сличен начин, Господ ми дал памет, имам се што ми треба. Иако живеам на село, јас ќе бидам на врвот. Така размислував, како млада имав став тоа да си го признаам себе си", рече Коџак, и додаде:
„Со време сепак сфатив дека со трпение, со многу одрекнување и без откажување е можно се. Мислам дека тоа и го докажав."
По повод снимање на рекламата престојуваше во Мадрид, каде се состана со Кристијано Роналдо. Истакна дека дошло до срдечно гушкање со Роналдо во текот на средбата, а за Португалецот вели дека секогаш ја импресионирал неговиот успех во спортот, како и тоа што им помага на послабите.
„Тој мене ми ја покажа својата, а јас на него мојата љубов. Кога го прегнав му реков 'Сине мој' а тој мене ми рече 'Мами', раскажа Коџак.
Додаде дека во текот на снимањето на рекламата на самата себе си го поставила прашањето дали сонува или навистина ова се случува околу неа.
„Но, Роналдо беше тука покрај мене, ме држеше за рака. Работевме заедно. Многу е пријатен, искрен и насмеан. Човек, токму како и јас. Разбрав дека сум без потреба возбудена", порача Коџак и додаде дека Роналдо и го потпишал дресот кој го подарила на нејзиниот син.
- Порака до жените
Коџак на крајот додаде дека жените денеска не смеат ниту за било што да речат дека не можат или нема да успеат да направат.
„Од самите соништа и сонување нема корист, потребно е да се трча за соништата. Треба што повеќе да се развивате и никогаш не смееме да речеме 'јас не можам'. Можам тоа да го направам, зошто не би можела. Зошто утре некоја жена од село не би се кандидирала и за Оскар. За жена ништо не е невозможно, доволно е таа тоа да го сака", порача баба Умије Коџак од Мерсин.
По основањето на театарската група за жена 2001. година во селото Арсланкој, напиша текстови за 15 театарски претстави. Со групата настапувала ширум Турција, пред илјадници гледачи.
Напиша сценарио и автор е на филмот Волнена кукла (Yun Bebek) во кое зборува за насилството над жените. Филмот е повеќекратно наградуван на фестивалите во Турција и во странство. Филмот е прикажан во рамките на Евроазискиот филмски фестивал во Њујорк, а Коџак таму е прогласена за „најдобар филмски уметник во Евроазискиот регион".