Mustafa Güngör
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
МЕРСИН (АА) - Ешреф Арамаган е слеп, но тоа не го спречува да го наслика сето она што е во можност да се допре со рацете, додека семејствата кои имаат деца со посебни потреби им исраќа порака дека нивната поддршка е од клучно значење за успех на нивните деца.
Во разговор за АА тој истакна дека слепилото никогаш не го прифатил како хендикеп што кој ќе го спречи во искористување на вештините кои ги поседува и кои биле предмет на различни документарни и научни истражувања на универзитетите ширум светот.
„Секој човек, без оглед на околностите во кои се наоѓа, треба да има самодоверба и да сака да научи или да се постигне нешто. Мора да биде здрав, да му биде благодарен на Господ, тоа е клучот за успехот, додека родителите играат важна улога во овој поглед. На лицата со инвалидитет или посебни потреби, никогаш не им велете дека тие не можат да направат ништо посебно. Не бидете причина да ја изгубат самодовербата", рече Армаган и додаде дека сака да биде пример за таквите луѓе.
Тој рече дека одамна беше присутен на Универзитетот Харвард во САД, каде што научниците ги имаат забележано неговите вештини за осум дена и утврдиле на крајот дека способноста која ја поседува данаслика предмети кои ги допира со прсти, како таква е единствена во светот.
„Тие користеа различни инструменти и експерименти. Ми дадода да држам во раце за 18 секунди различни елементи, кои ги допирав, а подоцна ги цртав на хартија. Сите 20 од нив, го нацртав во облик и димензија која што ја имаа. За кратко, кога луѓето ги гледаат оние кои цртаат при што ја користат светлината низ прозорците, но кога почнав да сликам врвовите од моите прсти, станаа очи. Научниците велат дека случај како што е овој порано никогаш не е виден во светот" рече Армаган.