Ekipa
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
МЕРСИН (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа еден терорист и го спречија во извршувањето самоубиствен бомбашки напад на полициска станица во подрачјето Јеншехир и во јужната област Мерсин, јавува Anadolu Agency (AA).
Државниот обвинител во Мерсин, Мустафа Ерџан, за АА изјави дека полицијата утринава неутрализирала жива бомба, човек со експлозив на себе.
Моментално мислиме дека станува збор за терорист на ДЕАШ, но наскоро ќе ја известиме јавноста за деталите. Со успешната операција, нашата полиција спречи голем терористички напад. Терористот имал елек со експлозив, подготвен за напад“, изјави Ерџан.
Во тек е истрагата за случајот, а турската полиција презеде силни безбедносни мерки во тој регион.