Kasım İleri
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Истражувачката американска компанија Клер Лабс покажа присуство на човечка ДНК и стаорци во хамбургерите, јавува Anadolu Agency (AA).
Клер Лабс со седиште во Калифорнија испитала 258 примероци на „мелено месо, замрзнати плескавици и вегетаријански бургери” од 79 брендови и 22 самостојни продавачи на храна.
„Иако е незгодно, присуството на човечка ДНК или ДНК на стаорци не е штетно за здравјето на луѓето, доколку не ја надминува дозволената количина”, се вели во извештајот.
Се додава дека „пронајдената човечка ДНК веројатно е предизвикана од присуство на влакна, а дека на ДНК-та на стаорците веројатно се должи на присуството на изметот на тие животни”.
Наводно во вегетаријанските хамбургери пронајдено е месо, додека во еден хамбургер кој важи за хамбургер од грав, не е пронајден грав.
„Откривме свинска ДНК во еден примерок од плескавица од говедско месо и во еден примерок од мелено месо. Замената на свинско и говедско месо во храната е исклучително незгодно за потрошувачите кои не јадат говедско или свинско месо од верски причини”, се вели во извештајот.