Esra Kaymak
23 Март 2017•Ажурирај: 23 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Администрацијата на Доналд Трамп подобро ја разбира важноста на нивниот пријател и сојузник Турција отколку претходниот лидер на САД, изјави министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу престојува во САД, на собирот на коалицијата против ДЕАШ и на состанокот со американските власти во врска со одредени прашања.
Зборувајќи доцна синоќа на собирот во Њу Џерси, во врска со престојниот референдум за уставни промени во Турција, Чавушоглу изјави дека Анкара повторно доставила барање до американските власти за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Тој изјави дека Турција повторно доставила докази, не само за испорачување на Ѓулен, туку и за да се обезбеди налог за привремено апсење додека не започне процесот за негово испорачување.
„Турција очекува администрацијата на Трамп да преземе чекори во врска со овој случај“, изјави министерот.
Лидерот на терористичката организација стои зад неуспешниот обид за државен удар, кој се случи во Турција на 15 јули минатата година, и во него загинаа 249 лица и околу 2.200 беа повредени.
- Референдум -
На Уставниот референдум што ќе се одржи на 16 април, гласачите ќе гласаат за или против 18-члениот предлог-закон што беше усвоен во турскиот Парламент во јануари.
Овие реформи меѓу другото ќе ја укинат функцијата премиер и ќе му дозволат на претседателот да ги задржи врските со партијата.
„На турскиот народ му е потребен овој систем кој претставува гарант за Турција по претседателот Реџеп Таип Ердоган. Кој и да дојде на власт, администрацијата ќе биде силна, ќе има помалку бирократија, без коалиции и посилна демократија“, изјави Чавушоглу.
Според министерот за надворешни работи, претходните влади на коалицијата имаа негативен социјален и економски ефект на земјата и ја нарушија нејзината стабилност.
Тој исто така изјави дека Ердоган и неговиот тим биле успешни во изминатите 15 години, во постигнувањето на целта поставена од основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во „понатамошно постигнување на нивото на современа цивилизација“.