Mahmoud Barakat
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
НИНЕВА (AA) - Најмалку тројца ирачки војници загинаа во ,оружен напад што се случи денес во центарот на Стариот град Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот воен претставник Ахмед ал-Тахер, за АА изјави дека група вооружени напаѓачи отвориле оган врз војниците на контролниот пункт во областа Баб ал-Туб.
„Напаѓачите го украдоа оружјето на убиените војници и избегаа од местото“, рече Ал Тахер.
Ирачката армија за нападот ја обвини терористичката организација ДЕАШ, чии неколку десетици борци преправени како цивили останале во мосулскиот Стар град, откако обединетите ирачки сили го ослободија градот во месец јули.