Atila Altuntaş
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Судот во Шведска изрече двомесечна затворска казна за жена која на една од социјалните мрежи ја невредувала муслиманската популација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шведската новинска агенција ТТ јавува дека станува збор за 50-годишна шведска државјанка која на „Facebook“ (Фејсбук) напишала „Муслиманите се одвратни луѓе“, а судот во Линкопинг ја товари за кривично дело поттикнато од омраза.
Покрај двомесечната затворска казна, судот на обвинетата ѝ изрече и парична казна во износ од 360 евра.
Судовите во Шведска и во јули и август изрекоа слични казни за уште две жени кои на социјалните мрежи ширеле омраза кон муслиманската популација.