Ekipa
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
РИЈАД (АА) - Заедно со многу принцови и министри во Саудиска Арабија приведен е и милијардерот Алвалид бин Талал и Мутаиб бин Абдула, министерот надлежен за Националната гарда, јавува Anadolu Agency (AA).
Саудиските медиуми објавија дека 11 принцови и 38 функционери се уапсени поради обвиненија за корупција.
Се наведува дека меѓу уапсените се наоѓаат двајца синови на кралот Абдула бин Абдулазиз, министерот за национална гарда принцот Бин Абдула и поранешниот емир на Ријад, принцот Турки бин Абдула.
Бранот апсења следуваше по декретот на саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, за ревизија на кабинетот.
По извршената ревизија во саудискиот кабинет, формирана е Комисија за борба против корупцијата.
Меѓу уапсените се наоѓаат министерот за економија и планирање Адел бин Мохамед Факих, командантот на Поморските сили, Абдула бин Султан бин Мухамед, како и многу други високи функционери.